Parrot ANAFI Work е ултра-компактен алат за професионалци, кој овозможува подобро одлучување при секојдневните работи, благодарение на снимањето од воздух и лесен пристап до инаку тешко пристапни локации.
- ANAFI Work е решение за професионалци кое што содржи извонреден дрон и најдобро софтверско решение на пазарот
- Комплетот содржи напреден дрон Parrot ANAFI опремен со иновативен систем за снимање, камера со резолуција 4К HDR/21MP со подвижна глава во вертикален распон од 180 степени, која овозможува лесно и квалитетно снимање во непристапни локации.
- Камерата има можност за придвижување 180 сепени вертикално, така што е овозможено снимање над леталото (+90°) или под (-90°) за лесно снимање под, пред или над објекти.
- Благодарение на троосниот хибриден систем за стабилизација на слика, дронот снима ултра стабилни видео записи и фотографии.
- Parrot ANAFI располага со опција за зголемување на слика без губиток на квалитет и тоа 1.4x во резолуција 4К или 2.8x во резолуција Full HD (1080p), што овозможува снимање на објекти од безбедна оддалеченост задржувајќи висок квалитет на видео или фото запис.
- ANAFI Work е извонреден алат за работа во движење, спремен за многу кусо време. Вкупното време на снимање изнесува 1 час и 40 минути, благодарение на USB-C со паметни батерии.
Reviews
There are no reviews yet.