LoRa
Што претставува LoRaWAN мрежа?
LoRaWAN® комуникациите функционираат најдобро за далечински распоредени апликации кои бараат долг опсег или длабока вградена комуникација помеѓу голем број на уреди кои имаат мала потрошувачка и собираат мала или средна количина на податоци. Создадени од страна на LoRa Alliance® за стандардизирање на LPWAN, LoRa предавателите користат светски раширен спектар, како што се оние во опсезите ISM 433/470/868/780/915 MHz, што е поекономично за развој и распоредување одколку 40+ глобалните LTE опсези и доживуваат помалку интерференција во споредба со Wi-Fi (кои работат на 2.4GHz и 5GHz) и Bluetooth.
LoRaWAN технологијата овозможува јавните или приватните единечни или мултиуслужни мрежи да поврзат повеќе апликации во ист простор коегзистирајќи да овозможат нови IoT, M2M, паметен град, сензорска-мрежа и апликации за индустриска автоматика. Овозможувајќи ѕвездена топографија, сензорите комуницираат со портите во LoRa мрежата. Портите на LoRa потоа можат да дејствуваат како транспарентен мост за пренесување пораки помеѓу крајните уреди и централниот мрежен сервер во позадина, што е идеално за јавни распоредувањa низ целата земја, каде што портите се поврзани со мрежниот сервер преку стандардни IP врски, како и за високо контролирани приватни превземања каде безбедноста и контролата се неопходни.
Отклучување на иднината
Со цел подобра комуникација со милионите IoT уреди притоа пренесувајќи само еден мегабајт податоци месечно, а во повеќето случаи далеку помалку, LPWA нуди можност да ги ослободи индустриските апликации од циклусите управувани од потрошувачите на јавни мобилни мрежи со обезбедување стабилност на јавни или приватни мрежи дизајнирани и конструирани специјално за машини.
Овие ниско-моќни широкопојасни мрежи го продолжуваат животниот век на батеријата и обезбедуваат “доволно добра“ врска за најголем дел од случаите на употреба на поврзаните уреди.
Искористување на предностите на LoRaWAN комуникациите
LoRaWAN технологијата создаде нови можности во многу индустрии. Решенијата на комплексни предизвици како што се управување со енергијата, далечинско следење на пациенти во медицината и подобрување на земјоделството, значително се променија во последните години. Додека технологијата постојано напредува, зголемената достапност на LoRa уредите им овозможува на бизнисите да ја зголемат ефикасноста, а притоа да ги намалат оперативните трошоци.
Предности со LoRaWAN технологијата
Ентех понуда на услуги
Продажба и дистрибуција
Нудиме решенија соодветно прилагодени кон Вашите потреби
Инсталација
Професионална инсталација на IoT уреди
НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
Ентех е овластен дистрибутер на производите од реномираниот производител на IoT уреди MULTITECH, како и врвниот производител ORVIBO