"B2B" Платформа
Професионалност
Ентех располага со квалитетен и искусен кадар со повеќе од 20 годишно работно искуство во областа на електротехника, автоматика и проектен менаџмент.
Гаранција за квалитет
Нудиме широк асортиман на висококвалитетни и професионални технолошки услуги имајќи го задоволството на нашите клиенти како примарна цел.
РЕШЕНИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ
Заштитете ја сопствената инвестиција и одржете го максималниот процент на производство!
Чистење на панели
Професионално, брзо и ефикасно машинско чистење на соларните панели, користејќи автономни роботи.
Редовно одржување
Професионално косење на тревните површини, со што се подобрува пристапноста, безбедноста и ефективноста на централата.
Проверка на состојбата
Инспекција и брзо детектирање на исправностa на панелите користејки термовизиски дрон.
Редовна инспекција
За инспекција, користиме специјализирани инструменти со кои ја тестираме безбедноста и ефикасноста на фотонапонските (PV) системи.
Дренажни капилари
За подобрување на ефикасноста и животниот век на панелите инсталираме дренажни капилари. T-обликот на клипот ефикасно ја насочува дождовната вода во дренажниот ров, одржувајки ја номиналната моќност на панелот.
Прскање против плевел
Третман против трева и коров околу панелите за подобра пристапност, намален ризик од засенчување и побезбедно одржување на централата.
НАШИ УСЛУГИ
Целосна изведба на централи за комерцијално и домашно производство на електрична енергија.
Заштитете ја сопствената инвестиција и одржете го максималниот процент на производство.
Ги поврзуваме паметните уреди да работат во еднина, што го прави животот поудобен, безбеден и попријатен.
Со иновативни решенија и професионален пристап, гарантираме високи стандарди на
заштита и сигурност.
Транспорт на габаритна опрема и машини
Професионален транспорт на тешка механизација и габаритна опрема, изведен со високо ниво на организација, сигурност и техничка контрола.
Oбезбедуваме прецизно товарење, стабилно фиксирање и навремена испорака, со целосна логистичка поддршка за непречена реализација на вашиот проект.
Ископ и земјени работи
Прецизна изведба на ископи и земјени работи со современа механизација и искусен тим, прилагодена на различни типови терен и проектни барања.
Гарантираме ефикасна реализација со контролиран процес на работа и стабилна основа за понатамошна изградба.
Закажете Услуга
Инсталација на кабли и електрична инфраструктура
Професионална изведба на подземни кабелски линии и електрична инфраструктура, прилагодена на индустриски и градежни проекти. Обезбедуваме технички прецизна изведба, усогласена со релевантни стандарди и оптимално поставени кабелски линии за сигурно и стабилно функционирање.












