Што означува IoT?

Интернет на предмети (IoT) (поврзани преку интернет) е систем на меѓусебно поврзани апарати, механички или електронски машини обезбедени со уникатни идентификатори како и со способност да пренесуваат податоци преку мрежа без потреба од интеракција човек со човек или човек со компјутер.
(Извор: Wikipedia)

Свесни сме дека IoT ја менува технологијата ширум светот преку индустриите, домовите и транспортот. Тоа има свое влијание скоро насекаде, како што се земјоделството, здравството, производството, транспортот, војската и многу повеќе. Но се се врти околу поимот IoT. Што значи тоа? 

Ако се изразиме технички, вистинската дефиниција што можеме да ја најдеме низ разни веб страни е: “Интернет на нештата е систем од меѓусебно поврзани уреди, механички и дигитални машини, објекти, животни или луѓе кои се обезбедени со уникатни идентификатори како и со способност да пренесуваат податоци преку мрежа без потреба од интеракција човек со човек или човек со компјутер“. Премногу технички изрази, зарем не? Во овој запис, ќе се обидеме да кажеме нешто за интернет на нештата на не толку технички начин.

Што представува IoT? – IoT со едноставни зборови

Накусо, било што или се што користиме, а што е поврзано на интернет било преку мобилна мрежа, WIFI или широкопојасен интернет, представува интернет на нештата (IoT). Сите сме свесни за важноста на интернетот во денешно време. Од мобилни телефони, до паметни уреди, дојдовме до една нова ера на интернетот. Интернетот е прекрасно нешто, кое обезбедува пристап до трилиони податоци на знаење и информации. Содржи зборови, аудио и видео записи, активности, апликации, страници, со цел да ни ја даде мудроста и забавата што ја посакуваме. Можеме да разговараме со некој пријател, да прочитаме некоја е-книга, да гледаме филм по наш избор, да нарачаме пица или некој нов уред, можеме дури да вршиме и трансфер на пари. Сето ова со помош на интернет и уред како што е на пример паметниот телефон (смартфон).

Суштината е да се искористи моќта на интернетот во други уреди освен компјутерите и паметните телефони (смартфони). Тоа го вклучува секој друг уред, со можност за поврзување на интернет. Оние уреди кои што се меѓусебно поврзани, се користат за собирање на податоци и испраќање на податоци или за двете заедно. 

Важноста на IoT

Кога ќе поврземе било каков уред на интернет, тој уред може да испраќа и прима податоци преку мрежата. Оваа услуга на испраќање и примање податоци како информација, се користи во основите на паметниот телефон. На пример, можеме да гледаме некое видео на интернет, вообичаено на YouTube, но тоа не значи дека истото видео го имаме во нашиот смартфон / уред. Тоа е бидејќи истото видео е зачувано некаде во светот на некој сервер, а ние можеме да пристапиме до него преку испраќање и примање на информација. Овде, испраќање би било барањето на предметното видео, а прием би било гледањето (streaming) на тоа видео онлајн (online). 

Така, за да се биде паметен уред не е потребна голема меморија или компјутер со масивен процесор, туку можност за поврзување со друг уред кој што има многу меморија и можност за складирање и процесирање на податоци. 

Сите нешта кои што можат да бидат поврзани на интернет, можеме да ги класифицираме во три едноставни категории:

  • Уреди кои можат да собираат и испраќаат информации.  
  • Уреди што можат да примат информација и да извршат потребна акција.
  • Уреди што истовремено можат да ги извршат двете горенаведени задачи.

Предноста на IoT

Интернет на нештата може да обезбеди увид и контрола на бизнисот и луѓето. Ова вклучува скоро 100% од предметите и уредите што можат да се поврзат на интернет. Така, IoT ги поврзува деловните активности и луѓето со околниот свет со цел извршување на одредени задачи кои имаат големо значење и важност за корисниците во рамки на мал временски период. 

  • Собирање и испраќање на информација
    • Ова вклучува сензори како на пример за температура, движење, квалитет на воздух, допир итн. Подразбира собирање на информации од околината.
  • Прием на информација и извршување на потребна акција
    • Ова ги вклучува уредите како што се печатари, микробранови печки, телевизори итн, кои што примаат информација и соодветно реагираат.
  • Двете заедно
    • На пример соодветно нагоден клима уред кој што ја регистрира температурата во просторијата и според тоа соодветно го нагодува интензитетот на ладење/греење.