Чистење на соларни панели: зошто, кога и на кој начин треба да се практикува

Чисти панели се ефикасни панели.

Знаеме дека сакаме да ги одржуваме нашите прозорци чисти, па зошто тогаш чистите соларни панели би биле исклучок? Прашањето е кога е потребно да понудиме малку грижа засоларните панели и на кој начин? Одржувањето на соларните панели е прашање кое што вообичаено ги збунува многу од сопствениците.

Прашина, лисја и вода – вообичаени соларни пречки

Може ли прашината да предизвика редовни проблеми или само со таложење на слоеви со текот на годините? Се зависи од геогравската локација и од причините за прашина.

Малку прашина може и да нема негативен ефект, согласно тестови направени од страна на Ontario Solar Installers, бидејќи светлината сеуште може да помине. Тие препорачуваат да се остави на природата да го направи своето и преку дождот, да заврши поголем дел од чистење на панелите.

Тестирања од страна на една компанија покажале дека намалувањата на ефикасноста на панелите по минута е околу 5%. Друга компанија пак, утврдила дека темелното чистење ја зголемило ефикасноста на панелите за околу 4%.

Во случај ова да не се доволно докази, вебсајтот за чиста технологија – CleanTechnica – приложи анализа од US National Renewable Energy Laboratory (NREL) која што покажала потенцијални 30% загуба на енергија на годишно ниво, доколку панелите не се чистат месечно.

Освен наведеното, лисјата исто така ја попречуваат светлината. Ова особено може да представува проблем кај рамните панели или оние со помал нагиб. Во еден експеримент од страна на компанијата Mountain View, ќистењето на рамните панели го дуплирало нивното производство “преку ноќ“.

Особено внимание треба да се обрне на фотоволтаичните низи на панели лоцирани во суви и ветровити предели со повеќе прашина и дококлу се лоцирани близу автопатишта. Овие панели се подложени на далеку повеќе нечистотија, со што бараат и почесто чистење.

Измет од птици: Непријател број 1 на соларните панели

Изметот од птици на вашите панели е поштетен од слој на прашина. Дали вашите соларни панели имаат стринг инвертер или микро инвертери? Ова е важно бидејќи системите со микро инвертери со инвертер поврзан на секој посебен панел можат да покажат каде одреден панел е прекриен со измет бидејќи тој инвертер ќе престане да прикажува проток на струја.

Доколку во близина имате многу дрвја, особено ако се листопадни, во тој случај нема само лисјата да бидат проблем туку исто така и птиците.

Уште едно нешто што треба да се разгледа е аголот на вашите панели. Рамните панели ќе имаат потреба од почесто одржување бидејќи водата може да се насобере и да остави нечистотија (кал) после испарувањето. Панелите со агол се во предност поради тоа што дождот што паѓа на нив ги прочистува.

Дали воопшто е потребно да ги исчистите вашите соларни панели?

Просечен слој на прашина ќе се исчисти од дождот и нема потреба од ангажирање на професионални услуги за чистење. Доколку сте во загадено подрачје или може да има дополнителна нечистотија, извадете го градинарско црево и исчистете ги панелите, држејќи ги нозете на земја.

Ако нешто не излегува или треба да исчистите многу наслаги и измет од птици од панелите, тогаш  следете ги безбедносните мерки на претпазливост и сторете го тоа кога е пријатен ден и имате заштитна опрема.

Користете сунѓер со течност за перење за да ги чистите панелите нежно. Конечно, можеби ќе одлучите да оставите чистење на професионалците и само да направите проверки на самото место за да видите колку многу е потребно одржување.

Едно од можните решенија за да ве спречи да се качувате по скала за да ги проверите панелите, може да биде професионална компанија да инсталира камера за видео надзор, насочена кон панелите, за да можете сами да видите кога им е потребно чистење.

Една таква компанија во нашата држава е и Ентех (www.entech.mk) која што нуди професионално, брзо и ефикасно машинско чистење на соларните панели.