Соларната енергија е иднина во користењето на енергија, но вообичаена заблуда е дека истата моментално е премногу скапа за целосно имплементирање во домовите. Ова секако, не е вистина.

Кога ќе се искомбинира со складирање на енергија и паметен енергетски систем, соларната енергија има потенцијал да обезбеди придобивки кои што многу ги надминуваат трошоците.

Комбинацијата со паметен систем кога истиот ќе ја преземе контролата на нашата потрошувачка на енергија, со себе носи многу придобивки – како за нашиот паричник, така и за околината. Во продолжение следат седум причини зошто треба да се префрлиме на паметен (“smart”) соларен + складирачки систем.

Заштеда на финансиски средства

Ова е можеби и најважниот фактор, бидејќи инсталирањето на соларен+складирачки паметен систем може значително да ја намали нашата сметка за електрична енергија.

Во одредени случаи, постои можност за враќање на одредена количина на енергија назад во главната дистрибутивна мрежа. Треба да знаеме дека дури и доколку дистрибутивната компанија го откупи вишокот на произведена енергија од страна на нашиот систем, откупната цена генерално е помала од цената на продажбата. Затоа е најдобро да се складира колку што е можно повеќе енергија.

Нема сонце? Нема проблем

Како што и самото име ни кажува, соларната енергија очигледно има потреба од сонце за да биде оперативна. Но истото не значи дека локациите без премногу сончева светлина не се во можност да ја искористат сончевата енергија.

Да, точно е дека сончевата Гевгелија е попогодна за инсталација на соларни системи одколку на пример Тетово. Но тука постојат и други фактори кои се во игра. Заштедата многу зависи и од цената на електричната енергија од специфичниот дистрибутер / снабдувач.

За разлика од растечките цени на електричната енергија, цената на соларните панели, батерии и инвертери доживуват намалување. Истите се поефтини од било кога предходно.

Ефикасно производство и користење на енергија

Со паметниот енергетски систем, користењето на енергијата е поефикасно од било кога. Системот автоматски го искористува секој ват што нашиот систем го произведува, зачувувајќи онолку енергија колку што можеме да искористиме, додека вишокот е распореден низ нашата персонална мрежа за најдобра можна искористливост.

Како што веќе предходно кажавме, енергијата од дистрибутивните компании може да биде поскапа. Соларниот+паметен систем ни овозможува да бидеме самостони и ефикасни кога станува збор за наша енергија. Уште подобро, паметниот систем креира т.н. патерни врз основа на нашето енергетско однесување, земајќи во предив повеќе податочни точки од серверите додека истовремено креира предвидувања.

Вие ја имате контролата над вашите најпотрошувачки уреди

Покрај контрола на производството на соларна енергија, паметниот енергетски систем може да го контролира и следи секој уред поврзан на системот, осигурувајќи ефикасна потрошувачка на енергија.

На пример, паметен енергетски систем лесно може да управува електричен боилер, типичен голем потрошувачки уред.

Самостојност: намален ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија

Друга придобивка е намалувањето од прекини во снабдувањето. Бидејќи можеме да се потпреме на нашиот сопствен извор на енергија и складирање, дефектите на дистрибутивната мрежа нема да имаат ефект врз нашата моќност.

Соларните+складирачки оаметни системи значително ги намалуваат потенцијално катастрофалните ефекти од прекините во снабдувањето со електрична енергија, овозможувајќи ни нам и на нашите семејства мирно да уживаме во сигурното и доверливо снабдување.

Зголемен животен век на батеријата

Како и за се во животот, нештата траат подолго ако добро се однесуваме со нив. Ова исто така важи и за батериите.

Секој тип на батерии има специфични ограничувања и услови кога станува збор за нивно полнење и одржување. Паметниот систем има можност за управување со капацитетот на батериите на таков начин што обезбедува најдолга можна трајност.

Колку подолго ќе трае батеријата, толку е нашиот енергетски систем побезбеден и заштедата на финансии е поголема.

Зголемена вредност на домот

Конечно, инсталацијата на соларен+складирачки паметен енергетски систем ја зголемува вкупната вредност на нашиот дом.

Според студија на Зилоу во 2019 година, домовите со инсталирани соларни енергетски системи се продаваат просечно за 4,1% повисока цена во однос на домовите без ваков систем. Со паметните солуции, цените се уште повисоки.

Со преминување кон сончева енергија, не само што и помагаме на околината, туку си помагаме и себе си финансиски.

Напомена: Содржината е преземена од тука