Зошто паметен дом е за секого?
Ќе наведеме пет главни причини кои не наведуваат да го кажеме наведеното:

1. Понуда.
Секој ден на пазарот се пуштаат нови апликации и производи, што значи дека постои огромна разновидност на производи и услуги подготвени да ги задоволат повеќето стилови на живеење и потреби.

2. Цена.
Паметните домови во минатото се сметале за луксуз, но не е баш така. Како последица на високата конкуренција помеѓу добро воспоставените брендови и појавата на брзи и иновативни стартапи, понудата се зголеми, што доведе до намалување на цените.

3. Едноставна инсталација.
Повеќето од решенијата се на принцип “приклучи и користи “ (plug & play) и само кај мал број решенија има потреба од електрични и електронски вештини. Само во “најлош случај”, може да се побара вклучување на специјализиран инсталатер.

4. Едноставно користење.
Откако ќе се инсталираат решенијата, истите поддржуваат контрола преку мобилен (паметен) телефон или преку гласовни пораки.

5. Едноставно одржување.
Повеќето уреди имаат можност за безжично ажурирање и секој ден се повеќе од нив обезбедуваат информации за потребата одржување, известувајќи нè за проблемите пред истите да станат неповратни (нерешливи).

Зошто сепак релативно мал број луѓе живеат во паметни домови?
Иако усвојувањето на темата брзо се зголемува, се смета дека усвојувањето на технологија дома се одвива бавно заради три главни причини:

1. Недостаток на свесност за потенцијалот на паметниот дом во нашите животи.
Усвојувањето на технологија во нашите домови, не само што ни дава поголема контрола врз нашиот животен стил, туку помага да се подобри нашето здравје и да се создаде позитивно влијание врз животната средина.

2. Комплексност.
Разновидноста на уредите, комуникациските протоколи и оперативните системи што се достапни на пазарот, ја прават темата за паметниот дом тешка за брзо разбирање.

3. Загриженост за приватноста, безбедноста и сигурноста.
Постојат неколку мерки што вреди да се земат предвид, но факт е дека со вистинските паметни безбедносни системи и сензори, ќе бидеме посвесни за тоа што се случува дома, од кога било досега. На крајот, ризикот од несакан настан е секогаш присутен, неговата цена зависи од она што е оштетено и стравот е субјективен за секој од нас.